Неоерејска Литургија во црквата Свети Иван Крстител – Струмица
На Томина недела, 27 април 2014 во парохиската црква „Свети Иван Крстител“ Струмица, неоерејот Илија Стојанов, заедно со парохот о. Гоце Костов, служеше света Литургија за верниците од парохијата.
На крајот од Литургијата, деца од веронаучната група го поздравија неоерејот искажувајќи ја радоста што Црквата има уште еден работник во лозјето Господово. При тоа му подарија скромни подароци во знак на сеќавање на неговата прва света Литургија во оваа парохиска црква.
Потоа о. Илија Стојанов на присутните верници им подели поединечен неоерејски благослов.
Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, на 6 април 2014 година го ракоположи за свештеник о. Илија Стојанов во парохиската црква Свети Пророк Илија – Радово. (го*ко)