Неоерејот Илија Стојанов служеше прва Света Литургија во Гевгелија

Во недела 01 јуни 2014 година о. Илија Стојанов служеше прва света Литургија во парохиската црква „Свети Петар и Павле“ – Гевгелија. Неоерејот Илија Стојанов ја предводеше светата Литургија и ги поучи присутните со Христовото Слово, говорејќи им на верниците за Блаженствата.

На крајот од Светата Литургија младите од парохијата го поздравија новиот свештеник посакувајќи му многу успех и Божји благослов во пасторалната служба.

После поздравите неоерејот о. Илија Стојанов на сите присутни верници им подели неоерејски благослов.

о.Д.Т.

Категорија: Македонија

За авторот