Немало телефонски разговор меѓу папата Фрањо и Ангела Меркел
Немало телефонски разговор меѓу канцеларката Ангела Меркел и папата Фрањо во врска со состојбата на Европа. Како портпаролот на германската влада, Стефен Сајберт, така и ватиканскиот портпарол Федерико Ломбарди ја негираат оваа вест. Сајберт рече: „Канцеларката не може да се сети дека телефонски му се јавила на Папата. Инаку таа многу ја цени секоја средба со него. Миланскиот весник „Кориере дела сера “објави, а многу други медиуми ја пренесоа веста, повикувајќи се на Папата дека германската канцеларка му се јавила, бидејќи таа била налутена од изјавата на Папата за Европа.
РВ/к.мк/го*ко
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија:
Ватикан