Неделно Слово: Размислување за Третата недела од Великиот пост – Крстопоклона

Неделно Слово: Размислување за Третата недела од Великиот пост – Крстопоклона

Ви го пренесуваме размислување за Третата недела од Великиот пост – Крстопоклона, според Евангелието од Марко 8,34-9,1 кое е објавено на социјалните мрежи на Радио Марија

Од Евангелието според Марко (8,34-9,1)
И кога го повика народот и учениците Свои, им рече: „Кој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, и нека го земе крстот свој и нека оди по Мене. Зашто, кој сака да ја спаси својата душа, ќе ја загуби; а кој ја загуби душата своја заради Мене и Евангелието, тој ќе ја спаси. Оти каква полза е за човека, ако го придобие целиот свет, а на душата своја ѝ напакости? Или каков откуп ќе даде човек за својата душа? Зашто, кој се срами од Мене и од зборовите Мои во овој прељубодеен и грешен род, и Синот Човечки ќе се срами од него, кога ќе дојде во славата на Својот Отец со светите ангели.” И им рече: „Вистина, ви велам: тука стојат некои, што нема да вкусат смрт, дури не го видат царството Божјо, дојдено во сила.”
Категорија: Вера, Духовност

За авторот