Ви го пренесуваме размислувањето за Недела по Рождеството Христово според Евангелието од Матеј 2,13-23 кое е објавено на социјалните мрежи на Радио Марија.
Од светото Евангелие според Матеј (2,13-23)
А штом си отидоа тие, ете, ангел Господов му се јави на Јосифа в сон, велејќи: »Стани, земи Го Младенецот и мајка Му, па бегај во Египет и остани таму дури не ти кажам, бидејќи Ирод ќе Го бара Младенецот за да Го погуби.«
И тој стана, Го зеде Младенецот и мајка Му ноќно време, па отиде во Египет.
И таму беше до смртта Иродова, за да се исполни реченото од Господа преку пророкот, кој вели: »Од Египет Го повикав Синот Свој.«
Тогаш Ирод, кога виде дека мудреците го измамија, се разгневи многу и прати, та ги уби сите младенци во Витлеем и по целата негова околина од две години и помали, според времето што точно го беше узнал од мудреците.
Тогаш се исполни кажаното преку пророкот Јеремија, кој говори:
Глас се слуша во Рама, плач и ридање, и пискот голем: Рахил плаче за своите деца и не сака да се утеши, зашто ги нема.
А по смртта Иродова му се јави на Јосифа насон во Египет ангел Господов
и му рече: »Стани, земи Го Младенецот и мајка Му, и отиди во земјата Израилева, зашто изумреа оние што ја бараа душата на Младенецот.«
Тој стана, Го зеде Младенецот и мајка Му, и дојде во земјата Израилева.
Но, кога чу дека во Јудеја царува Архелај, место татка си Ирода, се уплаши да отиде таму; и откако доби вест в сон, тој замина во пределите Галилејски.
А кога пристигна, се насели во градот наречен Назарет, за да се исполни кажаното преку пророците дека Он ќе се нарече Назареец.

