На празникот на Светитe Петар и Павле епископот Стојанов служеше молебен во Паљурци

На празникот на Светитe Петар и Павле епископот Стојанов служеше молебен во Паљурци

Традиционално на празникот на Светите Петар и Павле, Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов на 12 јули 2024 година служеше молебен во Паљурци. Со епископот сослужуваа деканот на Деканатот „Свети Кирил и Методиј“, ректор на светилиштето во Паљурци и директор на Македонски Каритас протојереј ставрофор отец д-р Зоран И. Стојанов, парохот во Богданци протојереј ставрофор отец Тома Ангелов, парохот во парохијата „Раѓање на Свети Иван Крстител“ Струмица и директор на Радио Марија протојереј отец Гоце Костов, парохот во Петралнци, Горге Појразов, парохот во Радово отец Илија Стојанов и парохот во Гевгелија отец Ристо Самарџиски.

Покрај верниот народ од повеќе парохии на молебенот присуствуваа и сестри Евхаристинки од Гевгелија и Скопје, претставници од Македонски Каритас и Радио Марија.

На почетокот од молебенот присутните ги поздрави ректорот на светилиштето во Паљурци отец Зоран И. Стојанов, благодарејќи му на епископот за неговото присуство и подготвеност да го предводи Молебенот.

Епископот Стојанов обраќајќи се на верниците ја истакна храброста на сите кои и покрај екстремно жешкото време дојдоа да се помолат до светите Петар и Павле и Богородица Уштешителка, истакнувајќи ја важноста на ова милосно место.

к.мк

Несекојдневен настан во Паљурци: Црквата на Чуката обвиена во силна светлина

Категорија: Вести, Македонија

За авторот