На празникот Богородица од Гвадалупе папата Фрањо ја предводеше литургијата за Латинска Америка
„На празникот Богородица од Гвадалупе, пред сѐ, благодарствено се сеќаваме на нејзината мајчинска близина, го пееме заедно со неа „Величај“ и ѝ ги доверуваме нашите народи“, рече Папата во проповедта на Литургијата служена во базиликата Свети Петар на 13 декември, славејќи ја заштитничката на Латинска Америка.
„Кога му се објавила на Жуан Диего во Тепејаку“, продолжи Светиот Отец, „се претставила како совршена, вечна Дева Марија, Мајка на вистинскиот Бог. Со благост побрзала да ги прегрне новите народи на Америка во драматичните моменти на нивното настанување“ тоа го направила така што го презела културниот и религискиот симболизам на домородците, навестувајќи го својот Син и давајќи им го на сите нови народи од мешаните раси“, станувајќи така „голема мисионерка која ја донесе Латинска Америка до Евангелието“. Папата нагласи дека токму поради тоа веќе никој не е само слуга, туку дете на единиот и истиот Отец. Блажена Дева „ги посети овие народи и сакаше да остане со нив“ и по нејзиниот заговор христијанската вера стана најдрагоцено богатство на американските народи, а најдрагоцен бисер на тоа богатство е самиот Исус Христос“. Тоа е наследство кое и денес се пренесува и покажува во крштевањето на мноштвото луѓе, во вера, надеж и љубов, во драгоцена народна побожност во американскиот етос, кој се покажува во свеста за човечкото достоинство, залагање за правда, во солидарноста со најсиромашните и оние што страдаат, во надеж што, понекогаш е против секоја надеж“, истакна папата Фрањо.
„Во чудата кои ги направи Господ во Марија, таа го препознава начинот на делување на својот Син во историјата на спасението. Занемарувајќи ги световните судови, уништувајќи ги идолите на моќта, богатството и успехот по секоја цена, осудувајќи ја самокорисноста, зависта и секуларизираниот месијанизам кој одалечува од Бог, Химната на Марија исповеда дека Бог се радува во поткопувањето на идеологијата и световнните хиерархии“, истакна Папата.
Гласот на Богородица преку „Величај“ нѐ воведува во блаженствата, кои се збир и првотен закон на евангелската порака. Затоа Папата молеше за „христијанска милост, за иднината на Латинска Америка да биде искована“ за тие за кои блаженствата се ветени, за оние што во денешниот идолопоклонски систем на културата на отпад ги става во категорија на робови, предмети со кои можеме да се послужиме или кои едноставно можеме да ги отфрлиме“. Да се помолиме за милост, бидејќи Латинска Америка е континент на надеж, континент кој се надева на новите модели на развој кои ги ставаат заедно христијанската традиција и општествениот напредок“, заклучи Светиот Отец.
РВ/В.Н.