Вечерта на 24 ноември 2016 година на плоштадот Свети Петар пристигна божиќното дрво; станува збор за смрека висока 25 метри која доаѓа од италијанската покраина Трентино, а е дар од општината Скуреле.
Во моментот на сечата на 13 ноември 2016 година група деца таму засадиле 40 нови мали смреки и други дрва, на обележаниот простор во кој минатата есен се срушени неколку стебла нападнати од еден паразит. Божиќното дрво како секоја година потоа ќе биде употребено во добротворни цели.
Божиќното дрво ќе биде претставено на 9 декември заедно со јаслите кои оваа година доаѓаат од Малта и ќе остане осветлено до недела 8 јануари до празникот Крштение Господово и свршетокот на божиќното време.
И оваа година дрвото ќе биде украсено со топчиња од глина на кои ќе бидат прикажани цртежи од деца кои се лекуваат на одделенија за онкологија во неколку италијански болници. Тие деца заедно со своите родители биле вклучени во програмата за рекреативна терапија преку работа со керамика во болничките работилници. На дрвото ќе има 18.000 лед сијалици од кои 1.400 со ефект на искра.
Спомнуваме на крајот дека во петок на 9 декември папата Фрањо ќе ги прими во аудиенција делегацијата од Трентино и од Малта заедно со неколку деца кои ги направиле топчињата.
РВ/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк