На Генералните аудиенции со папата Фрањо присуствувале повеќе од 1,5 милиони верници

Според издадените влезници за Генералните аудиенции од 27 март до денес, 18 декември на Генералните аудиенции со папата Фрањо присуствувале повеќе од 1,5 милиони луѓе – соопштено е од Управата на Папскиот дом.

Бројот не се однесува на верниците кои учествувале спонтано на Генералните аудиенции, односно не биле директно на плоштадот Свети Петар, туку на улицата Помирување. Најмногу верници присуствувале на 29 мај, повеќе од деведесет илјади лица, кога папата Фрањо без чадор во отворен џип ги поздравуваше верницте и започна нова низа катехези за Таинствата на Црквата – се истакнува во соопштението.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот