На Генералната аудиенција Папата зборуваше за плодовите од посетата на Турција
Светиот Дух го воспоставува „екуменското одење“ – рече Папата на Генералната аудинција на 3 декември на плоштадот Свети Петар, на која што зборуваше за својата апостолска посета на Турција.
Со вас денес сакам да споделам некои настани од моето поклоничко патување во Турција. Бидејќи барав со молитва да се подготви и следи поклоничкото патување, сега пак ве повикувам да Му заблагодарите на Господ за апостолското патување и да се молите тоа да вроди плодови на дијалог со православните браќата, со муслиманите, како и на патот кон мир помеѓу народите – истакна папата Фрањо.
По благодарноста до властите и месната Црква, Папата за „срдечниот прием“ му заблагодари на Екуменскиот цариградски патријарх Вартоломеј I. Блажениот папа Павле VI и свети Иван Павле II, кои ја посетиле Турција и светиот папа Иван XXIII кој бил апостолски нунциј во Турција од небото го следеа моето поклоничко патување, кое се случи осум години по поклоничкото патување на мојот претходник папата Бенедикт XVI – потсети Папата, додавајќи:
Турција му е драга на секој христијанин, бидејќи во неа е роден свети Павле, бидејќи во неа се одржале седумте први црковни собори и заради присуството на „Куќата на Марија“, недалеку од Ефес. Традицијата вели дека таму Богородица живеела по слегувањето на Светиот Дух – потсети Светиот Отец и продолжи да зборува за апостолското патување.
Папата истакна дека првиот ден ги поздравил државните власти и со нив разговарал за насилството. Заборавањето на Бог раѓа насилство. Затоа ја истакнав важноста за христијанско и муслиманско заземање за солидарност, мир и правда, тврдејќи дека секоја држава треба на граѓаните и верските заедници да им гарантира потполна слобода во богослужењето – рече Светиот Отец, а потоа се осврна на вториот ден од апостолската посета.
Вториот ден ги посетив главните места на повеќе вероисповеди присутни во Турција. Тоа го направив бидејќи во срцето чувствував потреба да се помолам на Господ. Бог на небото и земјата, милосрдниот Отец на целото човештво. Центарот на вториот ден беше Евхаристијата во катедралата каде што се собраа верници од повеќе обреди. Беше присутен и Екуменскиот патријарх, викарот на Ерменскиот апостолски патријарх, Сириско-православниот митрополит и протестански достоинственици – рече Папата, додавајќи:
Заедно го повикавме Светиот Дух Кој во Црквата го остварува единството: единството во верата, во љубовта и духовното единство. Божјиот народ е повикан да се препушти на Духот да го води, да Му биде отворен, послушен и покорен. Текот на екуменскиот дијалог е и текот на нашето единство, нашата Католичка Црква; Светиот Дух е протагонист, а ние треба да Му овозможиме непречено делување, треба да Го прифатиме и да го следиме неговото вдахновение – објасни Светиот Отец.
Всушност Светиот Дух е зачетникот на средбата помеѓу Папата и Патријархот на празникот на Свети Андреј. Со патријархот го обновив „взаемното заземање за одење на патот кон воспоставување на потполно заедништво помеѓу католиците и православните. Потпишавме заедничка изјава, а тоа е уште еден чекор на екуменскиот пат – рече Папата и потсети на трогателниот и историски благослов; Папата го благослови патријархот, а патријархот Папата.
Осврнувајќи се на третиот ден од престојот во Турција, рече дека средбата со младите бегалци за кои се грижат салезијанците беше „убава и болна“. Сакав да се сретнам со бегалците од краевите на Блискиот Исток, да им ја покажам близината на Црквата и Папата и да ги предупредам за вредноста на прифаќањето во кое што Турција е многу ангажирана. Уште еднаш и благодарам на Турција за прифаќањето на бројните бегалци, а од срце им се заблагодарувам на салезијанците во Истанбул – рече Светиот Отец.
Завршувајќи ја Генералната аудиенција, Папата ги поттикна младите да молат за „сите бегалци и раселени луѓе“ за отстранување на причините за војни и за мир на Блискиот Исток. Драги браќа и сестри, нека семоќниот и милостивиот Бог го штити турскиот народ, неговите управители и преставниците на разните религии заедно да можат да ја остварат иднината на мирот и Турција да може да претставува место на мирољубов соживот помеѓу религиите и разните култури – заврши Папата.
Пред Генералната аудиенција, на 3 декември папата Фрањо во малата сала која се наоѓа до салата Павле VI се сретна со триесет учесници на третиот состанок на христијански и муслимански водачи и кратко ги поздрави. Ви посакувам добредојде и ви благодарам за вашето доаѓање и за посетата – рече Папата и истакна – Тоа помага во зајакнувањето на нашето братство. Ви благодарам за вашата работа, за она што го правите за подобро да се разбираме и најмногу што работите за целите на мирот. Дијалогот е патот до мирот – рече Светиот Отец.
И во катехезата на Генералната аудиенција Папата ја спомна таа своја кратка средба со муслиманските водачи и додаде дека и тие изразиле желба да се продолжи братскиот дијалог помеѓу католиците, христијаните и муслиманите.
РВ/Д.И.