На Велики Четврток Папата служеше во центарот Света Марија од Провидноста

Папата Фрањо на Велики Четврток ги миеше нозете на штитениците на римскиот тераписки центар Света Марија од Провидноста (Santa Maria della Providenza) во кој што престојуваат луѓе на кои им е потребна постојана грижа. Во обредот учествуваат осум мажи и четири жени на возраст од 16 до 86 години од Италија и африканските земји. Меѓу нив беше и 75 годишниот  муслиман од Либија и човек со Даунов синдром. Пред секој од нив Папата клекна, му ја полеваше ногата со вода, ја бришеше и ја бакнуваше. На Мисата Вечера Господова во капелата на центарот во кратката проповед папата Фрањо истакна дека мора да биде слуга на другите затоа што тоа е Исусово наследство поттикнувајќи ги сите по Исусовиот пример да служат на ближните со љубов.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот