Најстарата монахиња на светот го прослави својот 107 роденден
Сестра Кандида Белоти својот живот го посвети служејќи им на болните, а сѐ што направила го гледа како Божји дар и Негово дело.
-Само оној кој ја има искусено близината на Божјата радост може да ја разбере големината на Неговата љубов кон нас и мирот кој го остава во срцата – вели сестра Кандида Белоти, најстара чесна сестра во светот, која во четврток 20 февруари го прослави својот 107 роденден со најголемиот роденденски подарок – прослава на роденденот со папата Фрањо.
Оваа симпатична монахиња, која своите 80 години монашки живот ги посвети служејќи им на болните, на својот живот гледа како на дар Божји, а на прашањето за долговечноста, сестрата одговара:
-Да се наслушнува Христовоиот глас и да се врши неговата волја! Целиот живот зборував: каде ќе ме прати Господ, таму е моето место…. Никогаш не сум се покајала поради мојот избор, ниту една минута, ниту момент.
Сестра Кандида има своја омилена молитва – Бројаница, но повеќе пати во денот моли и една друга, сосема едноставна, а содржински многу длабока: „Те фалам Господи, ти се поклонувам, ти благодарам за твојата љубов и милосрдие“.
Сестра Кандида Белоти, со световно име Алма, родена е на 20 февруари 1907 година во Кинзан, покрај Верона, како трето дете од десетте во семејството. Во дваесетата година го почувствува Божјиот повик, а по советот на исповедникот да моли под крстот на света Камила, одлучува да влезе во монашката заедница на камилијанките. Целиот живот го посвети на служење на болните, а од 2000 година е во заслужено мирување, но и понатаму неуморна и полна со живот.
Сѐ направи Тој. Јас може само да му бидам благодарна. Божја волја е тоа што го љубам: Потребно е да се слуша Неговата волја и да се дозволи да се биде воден од Господ – вели оваа скромна монахиња.
Битно нет/го*ко