Најнова статистика за Католичката Црква
Од вкупно 7,408 милијарди луѓе на Земјата од нив 1,313 милијарди се католици. Ова е прегледот на моменталната статистика.
Во новиот статистички годишник Католичката Црква објави нови бројки за 2017 година. Од една страна нема големи изненадувања, но од друга страна нудат нови перспективи на тема различни расправи за состојбата на Црквата во светот. Нагласуваме дека во овој текст станува збор за статистиката на Католичката црква, а не на христијанските цркви воопшто.
Вкупно во светот има нешто повеќе од 1,3 милијарди католици. Околу половина од нив, вкупно 48,5% живеат во Северна и Јужна Америка. Една петина (21,8%) католици живеат во Европа, а дури секој десетти (11,1%) е од Азија. И во Африка (17% од католиците во светот) е забележан највисок нумеречки раст во Црквата. Така во однос на претходната година бројот порасна за 2,5% во Африка, а 1,5% во Азија. Во Европа бројот на католиците остана приближно ист.
Најкатолички континент сè уште е Латинска Америка. Таму католиците сочинуваат 86,6% од вкупниот број население. Во Европските земји тој удел изнесува околу 50% додека најнаселениот континент Азија со католици е населен со 3,3%. Истовремено Азија нуди најголем број нови духовни звања. Во овој момент речиси секој трет богослов е од Азија. Околу 27% од богословите во светот се со потекло од двете Америки, а исто толку и од Африка. Богослови со потекло од Европа во светот се скоро 15%. Тоа е доказ дека се менува сликата на Католичката црква во светот.
Крајот на 2017 година во служба на Црквата беа „вработени“ 4,67 милиони луѓе. Тоа се свештеници, катехисти, монаси и монахињи и ѓакони. Тој број порасна за 0,5% во однос на претходната година. Бројот на свештениците во светот (414.582) и свештеничките кандидати (115.328) е намален во однос на претходната година: 0,1% за свештниците и 0,7% за богословите. Најголем пад на бројноста на свештениците е забележан во Европа и во Америка.
Во Европа нема многу места за расправа за кризата за духовни звања. Имено со оглед на бројот на католиците воопшто и бројот на свештениците, во Европа еден свештеник покрива 1.646 католици. Во Северна Америка еден свештеник на 1.948 верници, а во Јужна Америка доаѓа еден свештеник на 7.203 верници. Во Азија еден свештеник ги покрива потребите на 2.157 верници, а во Африка на 5.042 верника. Со оглед на тоа, најголемата криза на духовни звања е видлива во Јужна Америка и во Африка.
Слично е по прашањето за бројот на верниците во поединечни парохии. Математички заедниците на верници во Јужна Америка се шест пати поголеми отколку во Европа. На тој континент парохиите во просек бројат 14.000 верници, додека тој број во Европа околу 2.400. Најмногу парохии кои ги водат лаици има во Северна Америка – такви се 190 од вкупно 21.000, во проценти 0,9%. Во Европа тој процент е 0,36%.
Свјетло ријечи/к.мк