Често се трудиме да ги промениме ближните, меѓутоа мудроста е да спознаеме што можеме да промениме внатре во себе. Да го слушаме Божјиот глас во срцата кој нѐ прави подобри.
Сите знаеме дека најдобрите подароци не доаѓаат во кутија – најдобрите подароци во животот бараат време и присуство. Но, исто така сакам да кажам дека најдобрите подароци бараат длабоко самоиспитување и позитивна промена. Како што ние напредуваме, напредуваат и луѓето во нашата близина… го достигнуваме својот потенцијал, ги остваруваме соништата, а внатрешното светло свети.
Земајќи го сето тоа во предвид, сакам да ви ги откријам најдобите подароци кои ги подарив на мојот сопруг, децата и себе. Се надевам дека моето болно искрено признание можеби ќе вдахне некој во овие денови да отвори подарок кој вистински го менува животот – таков кој ќе има влијание на примателот, како и на дарувачот, а возможно е и на светот во текот на годината која следува.
Најдобриот подарок кој му го подарив на својот сопруг беше прифаќањето
Во првите десет години од нашиот брак често размислував за работите кои сакав да ги променам кај својот сопруг. Посакував да биде поотворен. Посакував подобро да ме слуша. Посакував да ме забележи кога треба нешто дома да подготвам, да ме гледа во очите кога разговараме, и потивко да ја џвака мастиката за џвакање. Навистинав не сакав да крева врева околу родендените и празниците. (Како само се осмелуваше?)
Многу време поминав посакувајќи мојот маж да биде поинаков, а не онаков каков што е.
Еден ден имавме „зовриена“ ситуација. Пред секое ново искуство, станував повеќе вознемирена. Склона сум многу да се грижам. Мојот маж не е таков, па ми зборуваше да се смирам. Му реков: „Ова за мене е ново искуство! Станувам нервозна. Нели го сфати ти тоа до сега? Таква сум и нема да се променам. Тоа е во ред. Можеби и не треба да се промениш. Ох.
Додека така стоев таму сакајќи да ме види и да ме сака „таква каква што сум“, најпосле го видов него таков каков што е.
Кога одлучив да престанам да посакувам да се промени, забележав дека навечер при изгасните светла се отвора. Се претворав во уво. Забележав дека внимателно слушаше кога ќе кажев: „Ова е важно.“ Сфатив како се погрижи за мноштво работи во куќата кои никогаш не сум ги забележувала. Сфатив дека тој не сака да ме надмине во дарувањето, туку едноставно сака да дава и поседува доблест да го запамти точно она што на луѓето им се допаѓа. Кога џвакаше мастика за џвакање, се потсетив дека тој звук еден ден ќе ми недостига; тој звук стана пријатен.
Најдобриот подарок кој му го подарив на својот сопруг е прифаќањето, а исто така стана и подарок за мене.
Нјадобриот подарок кој го подарив на мојата прва ќерка беше слободата
Во првите шест години на Наталија, очекував многу од тоа мало, кавкаџија дете. На тие мали рамења го носеше притисокот на жената која сакаше работите да изгледаат совршено и да се одвиваат според нејзиниот величествен план. Но Наталија набрзо ја собра мојот перфекционизам. Стана строга кон самата себе. Во очите носеше поглед на губитник и ја грицкаше горната усна кога беше загрижена. Еден ден забележав дека вратата на нејзината соба почесто е затворена отколку отворена, а ниту причината не ја пропуштив. Моето дете повеќе сакаше да е само, отколу во друштвото со својата „критикувачка“ мајка. Знаев дека доколу сакам да бидам вклучена во разговорите, радостите, тајните и тагите на ова скапоцено дете, морам помалку да контролирам и критикувам, а повеќе да поттикнувам и попуштам.
Почнав да го забележувам сето она што Наталија го правеше добро, наместо она што го сметав за „погрешно“. Научив дека постојат моменти кога нејзините „грешки“ воопшто не се вредни за да се спомнат. На крајот таа напредуваше и учеше и ѝ требаше прилика да се обиде и да погреши без критичар кој ја демне зад грбот. Мојата цел на нашето заедничко време беше да ѝ го разубавам денот, а не да ѝ го одземам. Со текот на времето научив од маргините да набљудувам како ова дете ги користи своите организациски способности и креативноста за да ја проучува комплицираната медицинска литература, и да ги брани оние со помали можности. Секоја вечер разговараме во нејзината соба, а таа ми зборуваше како ќе му помога на светот. Свесна е дека патем ќе има падови и грешки, но без оглед на сѐ, јас ќе бидам со неа.
Најдобриот подарок кој му го подарив на своето постаро дете беше слободата, да се обиде, да падне и да успее, а исто така стана и подарок за мене.
Најдобриот подарок кој му го подарив на своето помладо дете беше времето
Кога мојата помлада ќерка наврши четири години, веќе јасно ѝ дадов до знаење дека нејзиниот пристап до животот според начелото „застани и уживај“, e трн во окото на нејзината ефикасна мајка. Но, дури кога постарата сестра таквото однесување ѝ го опиша на обесхрабрувачки начин, сфатив каква штета им правам на своите деца.
Тој ден Авери ја погледнав во очи ѝ и реков: „Прости ми што те брзав. Сакам да уживаш во моментот и сакам повеќе да бидам како тебе.
Двете мои ќерки изгледаа подеднакво изненадено од моето необично признание, но, лицето на Авери имаше непогрешлив израз на одобрување. Кога би можела да го одржам своето ветување и да живеам повеќе како него, тоа би ни го променило животот.
Било кога тоа е можно, дозволувам Авери да ни го одредува ритамот. Ја пофалувам кога ќе забележи работи кои поголемиот број луѓе не би ги забележале. Започнав да ги забележувам заедно со неа. Ја сведочам нејзината радост кога полека ги облекува пижамите или внимателно посипува цимет на парче јаболко, кога со љубов ѝ помага на нејзината тажна школска другарка или кога трпеливо го чека дедо ѝ да пристигне до неа. Моето дете е набљудувач и брзо научив дека набљудувачите во светот се редок и прекрасен дар. Тогаш сфатив дека таа е дарот на мојата нездрава душа.
Му го дадов на своето дете дарот на времето, а исто така стана подарок за мене.
Најдобриот подарок кој си го подарив себе беше дозволата
Би го испуштила важниот подарок кога не би го спомнала подарокот кој си го подарив себе си. Всушност, ниту еден од гореспомнатите подароци не би можел да биде подарен доколку самата на себе не си ја дадов дозволата – дозвола да престанам да бидам личност која „може да направи сѐ“ со насмевка на лицето додека духот одвнатре полека ѝ умира… дозвола да ја исклучам вревата на надворешниот свет и да ги слушам повиците на своето срце… дозвола да бидам човек… дозвола да ги користам своите грешки како поплочена патека кон својата подобра верзија… дозовола да плачам… дозвола да се радувам… дозвола да дишам. Не би била денес тоа што сум ако не си дозволев да пишувам најмалку десет минути дневно со надеж дека ќе станам авторка која им помогнала на другите да го прифатат она што е најважно во животот.
Пред шест години самата сето тоа си го дозволив. Тој беше подарокот на мојот маж, на децата и на оние кои ги читаат моите зборови на вистината и надежта. Не ги избирам најдобрите материјални подароци и уште можам да напредувам, научив да загребам длабоко за да го дадам она најважното. Се надевам дека заради оваа статија ќе има помалку притисок околу пакувањето на празничните подароци, а фокусирање на подароци кои ќе ги пронајдете длабоко во својата душа – подароците кои ќе им овозможат на членовите на вашите семејства да живеат во потполност… да сакаат и да бидат сакани… со текот на времето да процветат и тоа да го направат во вистинското време; тоа се подароците кои засекогаш ќе имаат влијание на нас. Можеби со помош на овие подароци ќе успееме да се видиме едни со други онакви какви што сме. Тогаш со блескав поглед радосно ќе набљудуваме што ни подготвува иднината.
Rachel Macy Stafford/Жена Врсна/к.мк