Полските епископи на последното заседавање го одобрија почетокот за истражување на епископско ниво за да се покрене постапка за беатификација на родителите на свети Иван Павле II, Карол Војтила и Емилија Кацзоровска.
Во текот на 384 Генерално собрание на полските епископи одржано на почетокот на октомври епископите разговараа за прославата на 100 годишнината од раѓањето на Карол Војтила која ќе се слави на 18 мај 2020 година. Краковската бискупија доби одбрение од Епископската конференција за почеток на постапката на епископско ниво за беатификација на родителите на свети Иван Павле II, Карол Војтила и Емилија Кацзоровска.
Важен пример за современото семејство
Нема ниту најмало двоумење дека духовноста светиот Папа ја формирал во семејството и благодарение на верата на неговите родители – рече кардиналот Станислав Џивиш некогашен личен секретар на свети Иван Павле II. Кардиналот изрази уверување дека родителите на Папата од Полска можат да бидат важен пример за современите семејства, и потсети дека папата Фрањо во текот на свеченоста за канонизација на папата Војтила го нарече токму „Папа на семејствата“. Емилија Кацзоровска умира кога идниот Папа имал само 9 години, а неговиот татко чие име исто така било Карол, умира во 1941 година за време на Втората светска војна.
Папа, заштитник на помирувањето помеѓу Полјаците и Украинците
Полските епископи освен тоа – како што извести агенцијата Сир, на заседавањето ја поддржале идејата Иван Павле II да стане заштитник на помирувањето помеѓу Полјаците и Украинците, потребно по страшното злосторство направени за време на последната Светска војна. Теологијата на дијалогот, помирувањето и простувањето кои полскиот Папата ги промовирал врз основа на евангелските вредности овозможиле на двата народи да направат важни чекори на патот на взаемното разбирање – напоменаа епископите.
Главни теми на заседавањето
На дневниот ред на заседавањето меѓу останатото беше одобрение на новите норми за формацијата на свештениците во согласност со најновите упатства. Светиот Престол и други теми важни за Црквата во Полска.
Ватикан њуз/к.мк