Најава: Свети Илија во Радово

Во чест на небесниот заштитник на Парохијата Радово – Свети Пророк Илија – во понеделник, 01 август во 18.30 часот ќе се служи Велика Вечерна, со Литија на која ќе биде благословот на петолебие, пченица, масло и вино.

Во вторник, 02 август на празникот, во 10.00 часот ќе се служи Света архиерејска Литургија, која ќе ја предводи Неговото Високо Преосвештенство д-р Киро Стојанов.

На крајот на Литургијата следува бласлов (миросување) на сите верници со благословениот елеј.

После светата Литургија е благословот на заедничкото Агапе, кое го подговуваат одборниците при парохијата во Радово.

Во деновите пред празникот има можност за света Исповед во црквата.

 к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Македонија

За авторот