Надбискупот Јурковиќ: „Да“ на дијалогот, „не“ на насилството

Надбискупот Јурковиќ: „Да“ на дијалогот, „не“ на насилството

Постојаниот набљудувач на Светиот Престол при Канцеларијата на Обединетите нации во Женева, надбискупот Иван Јурковиќ, ги повика вклучените да го пронајдат патот кон вистинскиот и одржлив мир со помош на правдата, стапувајќи во дијалог во духот на меѓусебното разбирање и соработка.

Светиот Престол среде растечкото насилство во Светата Земја и на Блискиот Исток повика на дијалог и соработка за да се оствари мир и повика на признавање на Ерусалим како град кој е свет за христијаните и за муслиманите. Тој повик на 17 мај го упати надбискупот Иван Јурковиќ, постојан набљудувач на Светиот Престол при Канцеларијата на Обединетите нации во Женева за време на посебната седница на Советот за човекови права за влошувањето на човековите права во тој регион.

Загриженоста на Папата

Надбискупот упати на загриженоста на Папата и тагата која ја изрази минатата среда на 16 мај, за време на Генералната аудиенција. Многу сум загрижен заради понатамошната ескалација на тензиите во Светата Земја и на Блискиот Исток и заради насилство кое остранува од патот на мирот, дијалогот и преговорите – рече во таа прилика папата Фрањо предупредувајќи дека користењето на насилството никогаш не води до мир. Војната раѓа војна, а насилството раѓа насилство – истакна тогаш Светиот Отец.

Папата и светот реагираа откако израелските сили во понеделникот на 14 мај убија околу 60 Палестинци, а ранија повеќе лица во близина на границата помеѓу Газа и Израел за време на протестот против отворањето на амбасада во САД.

Мирот и правдата пат до дијалогот

Светиот Престол ги поттикна вклучените да пронајдат пат до вистинскиот одржлив мир со помош на правдата, стапувајќи во дијалог во духот на меѓусебното разбирање и соработка. Светиот Престол затоа повторно повика на храброст за да се каже „да“ на средбата, а „не“ на конфликтот“; „да“ на дијалогот, а „не“ на насилството; „да“ на преговорите, а „не“ на непријателството; „да“ на почитувањето на договорите, а „не“ на провокациите“; „да“ на искреноста, а „не“ на дволичноста. За сето тоа е потребна храброст, сила и смелост – рече постојаниот набљудувач на Светиот Претол.

Единствениот идентите на Ерусалим

Надбискупот Иван Јурковиќ исто така потсети на единствениот идентитет на Ерусалим кој е свет за Евреите, христијаните и муслиманите, во кој припадниците на тие веросиповеди ги почитуваат светите места и кој има посебно послание за мир. На крајот апостолскиот нунциј го повтори повикот на Светиот Престол да преовладее мудроста и разбирањето за да се избегне додавање на нови елементи на тензиите во светот кои веќе го потресуваат и означуваат многу сурови конфликти.

РВ/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот