На првата годишнина од смртта на Бенедикт XVI, апостолскиот нунциј во Мароко се потсети на Папата, чиј личен секретар беше шест години: Би сакал луѓето да го паметат каков што беше, а не сликата за него како што ја прикажуваат медиумите
Надбискупот Алфред Ксуереб, апостолски нунциј во Мароко, беше личен секретар на Бенедикт XVI шест години, придружувајќи го до неговото повлекување во 2013 година, а потоа и секретар на папата Фрањо. На првата годишнина од смртта на папата Рацингер, кој почина на 31 декември 2022 година, тој во интервју за Радио Ватикан – Vatican News потсети на неговата длабока вера, за која монс. Ксуереб пишува и во книгата што ја објави во јануари годинава под наслов „Моите денови со Бенедикт XVI “, во издание на издавачката куќа Сан Паоло.
Ватикан њуз/к.мк