Надбискупот Пол Ричард Галагер, ватикански секретар за односи со државите, престојува во четиридневна посета на Црна Гора, каде што ќе се сретне со владини претставници и локалната католичка заедница.
Посетата на Црна Гора на надбискупот Пол Ричард Галагер, секретар за односи со државите и меѓународни организации на Светиот Престол, ќе ја започне во четврток, 21 март, а ќе трае до недела, 24 март.
За време на престојот во оваа балканска земја, ќе се сретне со претседателот, премиерот и министерот за надворешни работи.
Посетата е најавена на X преку @TerzaLoggia, официјален профил на Државниот секретаријат на Светиот Престол. Надбискупот ја реализира посетата по покана на Филип Ивановиќ, црногорски министер за надворешни работи, со кого ќе се сретне во четврток.
За петок се предвидени средби со Јаков Милатовиќ, претседател на Републиката, а потоа ќе оствари средби со Андрија Мандиќ, претседател на Собранието и Милојко Спајиќ, премиер.
Истиот ден, надбискупот Галагер ќе присуствува на отворањето на Седницата на Мешовитата комисија за спроведување на Основниот договор меѓу Светиот Престол и Црна Гора.
Неговата посета ќе продолжи со средбата со католичката заедница на Которската бискупија во сабота, 23 март, каде ќе служи света Литургија во катедралата Свети Трифун.
Во недела, последниот ден од своето патување, надбискупот Галагер ќе се сретне со католичката заедница на надбискупијата во Бар, каде ќе служи света Литургија во конкатедралата Свети Петар.
Ватикан њуз/к.мк