Во понеделник, 21 ноември 2022 митрополитот и надбискуп Врхбосански и Апостолски управител на Воениот Ордианријат во БиХ, монс. Томо Вукшиќ, придружуван од Скопскиот бискуп и Струмичко-скопскиот епарх, монс. Киро Стојанов го посети Македонскиот Каритас во Скопје и се сретна со директорот отец Зоран Стојанов и вработените.
Директорот Стојанов му посака добредојде на Архиепископот Вукшиќ и ги претстави вработените во Македонскиот Каритас, како и проектите што ги реализира Каритас.
Надбискупот Вукшиќ се заблагодари за поздравните зборови и рече: „Се радувам на вашата работа и продолжете да бидете сведоци на добрината, имајќи ја пред вас свеста за вашите можности пред објективните потреби на народот. Заедно со другите хуманитарни институции присутни во општеството, и вие сте дел од тој мозаик на добрина и Господ нека ја благослови вашата работа“, рече надбискупот Вукшиќ.
к.мк