Надбискупот Ромеро е мачен и после неговата смрт
За блажениот Оскар Арнулф Ромеро, кој на 24 март 1980 година е убиен затоа што го мразеле поради верата, а на 23 мај оваа година е прогласен за блажен, говореше Светиот Отец на претпладневната средба со салвадорската делегација. Мачеништвото на Ромероо продолжило дури и после неговата смрт – рече Папата.
Надбискупот Ромеро и после убиството, неговите браќа свештеници и епископи го оговрале и лажно го оптужувале. Тоа ми дава сила… Единствено Бог ја познава историјата на луѓето. Често пак лицата кои го жртвувале сопствениот живот, кои се мртви, се каменуваат со најтврдиот камен, јазикот – рече Папата.
Надбискупот Ромеро беше „добар пастир, полн со љубов кон Бог и кон своите браќа. До смртта го сведочеше евангелието. И денес се пролева крв на многу маченици во светот, во сигурна надеж дека ќе донесат голема жетва на светост и правда. Треба да бидеме подготвени на смрт за својата вера, иако Господ нема да ни додели таква чест… Да се жртвува животот не значи само да се биде убиен, туку значи и верно, лојално, саможртвувачко и чесно вршење на своите должности – објасни Папата.
Маченикот не е испратен низ историјата, не е некоја убава икона што ја краси нашата црква, а за кој со носталгија се сеќаваме. Маченикот е брат или сестра кој нé следи во таинството на заедништвото на светите, а кои соединети со Христос, се интересираат за нашето земско, патување и маки – истакна Светиот Отец.
Говерејќи за неодамнешното минато на Салвадор, Папата рече дека мачеништвото на надбискупот Ромеро ги придружи сведоштвата на многу браќа и сестри, како што беше и о. Рутилио Гранде. Сите тие се богатство и сигурна надеж за Црквата и за салавдорската заедница. И денес се чуствува одраз од нивната набожност. Надбископот Ромеро за својот сакан народ е „поттик на обновено навестување на евангелието на Исус Христос – нагласи Светиот Отец додавајќи:
Надевајќи се црвсто, сакаше да го дочека моментот кога од Салавдор ќе исчезне ужасната трагедија на страдање поради омраза, насилство и неправда. Папата посака Бог со дожд од милосрдие, доброта и милост да ги обрати сите срца и да го направи Салвадор земја каде што сите, без разлики, ќе се чуствуваат откупени и братски. Салвадорската длегација се заблагодари на Папата за прогласувањето за блажен на надбискупот Ромеро и посака наскоро да бид прогласен и за светец, а о. Рутилио Ганде за блажен. Делегацијата го повика Папата да го посети Салвадор.
РВ/Б.Р.