Во парохија Пресвето Срце Исусово во Битола на 9 март 2025 година беа изложени мошти од блажено семејство Јосиф и Викторија Улма заедно со своите 7 деца кои се убивени од омраза кон верата од нацистите за време на Втората светска војна.
Парох во Битола дон Томаш Бак во својата проповед истакна дека љубовта која ја имаше ова семејство потекнува од Христова љубов, кој го сака секој човек и сака да го спаси. Многубројни верници од парохија се молеа за своите семејства преку застапништвото на овие маченици од Полска.
к.мк