Мосул: Исламскиот калифат ја забрани помошта за шиитите и христијаните
Џихадистите од Исламската држава Ирак и Левант, кој од 9 јуни го контролираат Мосул и кои прогласија исламски калифат, на сите јавни службеници им наредија да се укине помошта во храна и плин за шиитите, курдите и христијаните, кои останаа во мал број во тој ирачки град.
За агенцијата Фидес ова го потврдија христијански извори од Мосул, откако веста беше објавен на арапската веб страница www. аnkawa.com.
Според известувањето на локалниот службеник Фадел Јунис, претставниците на исламскот калифат најавиле дека секое кршење на таа забрана ќе биде казнето според шеријатскиот закон. Во тој град на северот од Ирак – истакнуваат за агенцијата Фидес извори од калдејскиот патријархат – дури и напуштените куќи на христијаните се обележуваат со почетната буква од арапскиот збор Назарет (што значи христијанин) и во нив се сместуваат суните, кој го подржуваат калифатот.
РВ/го*ко