Монсињор Хуликат: Постојат технички и финансиски можности за спасување милиони жртви годишно

Њујорк, 30.6.2013 /к.мк/ – Секој ден од излечиви болести во светот умираат 19.000 деца помали од 5 години – вознемирувачки податок кој го истакна монсињор Хуликат во своето излагање, говорејќи за одржливиот развој, јавува Радио Ватикан на 29 јуни. Постојаниот набљудувач на Светата Столица во ООН во Њујорк меѓу другото предупреди на обидите прашањето за здравјето да се сведе на демографски проблем, како проблемите во здравството би биле решливи ако има помалку луѓе, наместо да се овозможат услуги кои им се потребни на оние кои ги немаат. Католичката црква во таа смисла – напомена архиепископот – се зазема на прва линија и тоа со своите 5.400 болници, 17.500 амбуланти и 567 болници за лепрозни.

Целата состојба е уште потрагична, ако се има во предвид – како што истакна монсињор Хуликат – што општата заедница има технички и финансиски можности за спасување на милиони жртви годишно. А единствената причина која пречи за општо заземање и обезбедување на најосновните лекови и технологии е алчноста за заработка. (го*ко)

Категорија: Свет

За авторот

Write a Comment

<