Во видео пораката за месец јули, папата Фрањо сака да се моли за оние кои се одалечиле од верата:
* * * * *
Никогаш да не заборавиме дека нашата радост е Исус Христос – неговата верна и неисцрпна љубов. Кога христијанинот станува тажен, тоа значи дека се одалечил од Исус. Но, тогаш не смееме да го оставиме сам! Треба да му ја понудиме христијанската надеж – со свои зборови – да, но уште повеќе со своето сведоштво, со својата слобода и својата радост“ (папа Фрањо, Ангел Господов, плоштад Свети Петар, Трета Недела од Божиќниот пост, 15 декември, 2013 година)
„Да молиме нашите браќа и сестри кои заскитале од патот на верата, преку нашата вера и сведоштвото на Евангелието, повторно да ја откријат убавината на христијанскиот живот“ – стои на крајот од видео пораката на Папата за јули.“
РВ/к.мк