Папата ја посети општинската управа на градот Рим

Папата ја посети општинската управа на градот Рим

Со поздрав до граѓаните на Рим и претставниците на вработените во Римската општина заврши посетата на папата Фрањо на Римската управа

Граѓаните нека преземат грижа едни за други, а оние кои работат во градските служби нека бидат свесни за својата одговорност – ги поттикна папата Фрањо граѓаните на Рим и вработените во Римската општина, на крајот од својата посета на Римската управа.

Поздрав до граѓаните

Поздравувајќи ги граѓаните, Папата потсети дека нивна задача е, но и на сите христијани во Рим, конкретно да работат како лицето на Црквата би го одржувале секогаш сјајно, одржувајќи го Христовото лице кое ги обновува срцата. Освен тоа, Папата истакна дека во неговото срце има место и за оние, кои не ја споделуваат нашата вера. На сите им ја искажувам својата духовна близина, своето охрабрување секој ден да бидат „уметници“ на братство и солидарност. Тоа е задача на граѓанинот, да биде „уметник“ на братство и солидарност – истакна Светиот Отец.

Како многу луѓе во светот, и вие, граѓаните на Рим, сте загрижени за благосостојбата и воспитувањето на вашите деца; на срце ви лежи иднината на планетата и светот кој ќе го оставиме на идните генерации. Но денес, и секој ден, би сакал да ве замолам секој од вас, во согласност со своите способности да се грижете еден за друг, да бидете блиски еден на друг, меѓусебно да се почитувате. Така во себе ги овоплотувате најубавите вредности на својата работа, односно обединета заедница која живее сложно, која не делува само поради правдата, туку и во духот на праведноста – истакна папата Фрањо.

Поздрав до вработените

Пред завршувањето на посетата на Управата, Светиот Отец ги поздрави претставниците на вработените и забележе дека поголемиот дел од нивната работа не е вест за медиумите, и ги охрабри и понатаму великодушно и со доверба да се ангажираат во своите активности во служба на градот Рим, неговите жители, туристи и поклоници. Вашата секојдневна работа зад кулисите ги овозможува редовните активности на општината во корист на граѓаните и бројните посетители, кои секој ден доаѓаат во Рим – рече Светиот Отец.

Со својата работа настојувате да одите во пресрет на оправданите потреби на римските семејства, кои сѐ повеќе зависат од вашата грижа, бидете свесни на таа одговорност – ги поттикна Папата. Некои од вас работат на терен, некои се одговорни, службеници во разни канцеларии и многубројни оддели од јавната управа, задолжени за хигиена, вработени за одржување и безбедност. Ви благодарам за сѐ што правите! Вашата тивка и верна работа не придонесува само за подобра состојба на градот, туку има големо значење и за вас лично, затоа што начинот на кој работиме го одржува и нашето достоинство и нашата личност – рече на крајот папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот