За христијаните во Африка, во наследувањето на милосрдниот Исус, пророчки да го сведочат помирувањето, правдата и мирот – е молитвената накана на Папата за месец мај.
Светиот Отец истакна дека Африка е многу повеќе од нејзиното прекрасно природно богатство. Кога ќе ја погледнеме Африка, ја гледаме нејзината радост на животот, и пред сè нејзините причини за доверба во нејзиното богато интелектуално, културно и религиозно налседство. Но – предупреди Папата – не можеме да не ги видиме братоубиствените војни кои ги десеткуваат народите и ги уништуваат природните и културните ресурси.
Да се придружиме на нашите браќа и сестри на тој голем континент и да молиме заедно за христијаните во Африка за наследување на милосрдниот Исус пророчки да го сведочат помирувањето, правдата и мирот – заврши папата Фрањо.
РВ/к.мк