Молитвена накана на Папата за месец јуни (Видео)

Молитвена накана на Папата за месец јуни (Видео)

Запрете ја трговијата со оружје – е молитвената накана на Папата за месец јуни.

Светиот Отец истакна дека е апсурдно противречно да се зборува и преговара за мир, а истовремено да се промовира или дозволува трговија со оружје. Потоа го постави следното прашање: Дали оваа или онаа војна е навистина војна за решавање на проблемите или таа е комерцијална војна за продажба на оружјето на нелегалниот пазар, за да се збогатат трговците на смртта?

Да ставиме крај на ова ситуација – повика папата Фрањо, поттикнувајќи ги христијаните на заедничка молитва, одговорните за народите со одлука да се обврзат дека ќе стават крај на трговијата со оружје која предизвикува толку невини жртви.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот