Папата Фгањо ги повикува верниците во месец ноември да молат за дијалог на Блискиот Исток и истакнува дека бројни христијански заедници на тоа подрачје, заедно со еврејските и муслиманските, се ангажираат за мир
Да се молиме на Блискиот Исток да се роди дух на дијалог, средба и помирување – тоа е повикот на папата Фрањо, кој го упати до христијаните во видео пораката со молитвената накана за месец ноември, а преку Папската светска молитвена мрежа, која секој месец ја распространува молитвната накана на Папата.
На Блискиот Исток заедничкиот живот и дијалог меѓу монотеистичките религии се темели на духовните и историските врски – рече папата Фрањо зборувајќи за тие земји, во кои, врз основа на неодамнешните податоци, се смета дека 93 % од населението се муслимани, христијани има 5 %, а еврејската заедница, која најмногу е присутна во Израел е со 2%. Од тие подрачја ни пристигна радосната веста за Исус Христос, кој воскресна од љубов – истакна Папата, посебно напоменувајќи дека таму денес многу христијански заедници, заедно со еврејските и муслиманските, работат за мир, помирување и простување.
Култура на дијалог
Културата на дијалог е тема која на Папата му е многу омилена. За тоа посебно силно сведочи Документот за човечко братство, потпишан во февруари оваа година во Абу Даби. Дијалогот меѓу верниците значи да се сретнат на голем простор заедничките духовни, човечки и општествени вредности, и да се вложи во ширење на најголемите морални крепости кои ги застапуваат религиите – се истакнува во споменатиот документ.
И за време на посетата на Бари, во јули 2019 година, папата Фрњо спомна за важноста на помирувањето, обраќајќи им се на христијаните од Блискиот Исток и рече дека мирот нема да биде донесен со примирје загарантирано со ѕидови или испитување на силите, туку со вистинска волја за слушање и дијалог.
Таму е родена Црквата
Овој месец папата Фрањо нѐ повиква да го отовриме срцето и да молиме за Блискиот Исток – додава патер Фредерик Форнос ДИ, меѓународен директор на Папската молитвена мрежа, и потсети дека тоа е подрачје каде се родени трите големи монотеистички религии; тоа е земјата на Авраам, Исак и, земјата на пророците, Исусовата земја. Освен тоа и самата Црква е родена таму, и од тогаш таму се присутни христијаните. Затоа молитвената накана на Папата за месец ноември исто така е можност да дознаеме нешто повеќе за различностите на верските и културните традиции на Блискиот Исток, молејќи се за мажите и жените на тоа подрачје.
Ватикан њуз/к.мк