Молитва за единство на христијаните во Радово

Молитва за единство на христијаните во Радово

Во парохијата „Свети пророк Илија“ во Радово завршетокот на Молитвената осмина за единство на христијаните 25 јануари 2021 година ќе се одбележи со заедничка молитва во црквата.

Оваа година верниците во Радово се приклучуваат на повикот на Светиот Отец папата Фрањо кој во неделата на 17 јануари истакна „Утре е важен ден: започнува Молитвената осмина за единство на христијаните. Оваа година темата навраќа на Исусовата напомена:’Останете во мојата љубов и ќе носите многу плод’ (сп. Иван 15,5-9). Во понеделник, на 25 јануари, ќе ја заокружиме осмината со молење на Вечерна во базиликата Свети Павле вон sидините заедно со претставници на другите христијански заедници присутни во Рим. Овие денови ќе се молиме едногласно да се исполни желбата на Исус: ‘За да бидат сите едно’ (Иван 17, 21). Единството, кое е секогаш поголемо од конфликтот“.

Молитвата за единство на христијаните на која се повикани сите верници без разлика на која црковна заедница припаѓаат се одржува секоја година во периодот од 18 до 25 јануари.

Распоредот на заедничката молитва во црквата во Радово:

  1. Тропар: Раѓањето Твое, Христе Боже наш
  2. Посветеност на три Радувај се
  3. Цитати од Светото писмо
  4. За екуменизмот
  5. Молитва до света Катерина Сиенска
  6. Цитати од Светото писмо
  7. Тропар: Во Јордан, крштевајќи Те Тебе Господи

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот