Молитва за Европа на европските епископи на пленарната сесија на Советот на европски епископски конференции во Познан.
Европските епископи собрани на пленарната сесија на Советот на европски епископски конференции во Познан од 13 до 16 септември упатија молитва за Европа која заеднички ја измолија на крајот од литургиското славење во катедралата Свети Петар и Павле во Познан, во неделата на 16 септември 2018 година. Литургиското славење го предводеше потпретседателот на ССЕЕ Станислав Гадецки, надбискуп на Познан и претседател на Полската епископска конференција во заедништво со претседателите и делегатите на европските епископски конференции учесници на пленарната сесија на ССЕЕ.
Молитвата за Европа на европските епископи ја пренесуваме во целост:
Дај Господи Исусе Христе, да Те прифати нашата сакана Европа!
Нека ја отвори вратата и срцето за да ги разбере и прими
тешкотиите, грижите, проблемите на своите народи,
кои ја бараат Твојата помош.
Дај да можеме да одговориме со целата сила со великодушност
на своите христијански корени на овој историски момент во кој светот живее.
Дај нејзината иднина да биде отворена за великодушни, слободни одлуки,
во знак на взаемното почитување,
за Европа да биде дом на народите.
Господи, свесни сме за своите слабости,
но исто така сме свесни за посланието кое си ни го доверил: да ја донесеме во Европа радоста на Евангелието,
таа надеж за светот.
Маријо дај ни го Исус!
Тој живее со нас, во нашата средина, во својата Црква.
Тебе ти е познато колку тие земји кои ја сочинуваат Европа
те љубеле со векови
и дека и понатаму те чествуваат.
Погледни Маријо на Европа со мајчинска нежност:
моли со нас, моли за нас.
На вас свети заштитници на Европа,
ги доверуваме нашите народи и Црквата на континентот.
Молиме за ваше застапништво
за да се надмине секоја тешкотија,
да знаеме како да бараме прошка и да простиме,
да го победиме злото со добро.
Вие големи вестители на Европа,
дајте ни поуверлива вера и храброст за сведочење.
Поддржете нѐ на патот на евангелската љубов и делотворната солидарност,
со целосно прифаќање на човечкиот живот,
од неговото зачнување, во текот на неговото постоење, до неговиот природен завршеток.
Помогнете ни да ги следиме патиштата на единството на христијаните и народите.
Го молиме Христос, Господарот на историјата,
тебе света Девице, Мајко на Европа,
вас, наши заштитници,
континентот да не го загуби своето христијанско лице
и да биде светло на надеж за целиот свет.
Амин.
Ика/к.мк