Молитва за дарователите и добротворите на црквата Свети Иван Крстител – Струмица

Во среда, 25 декември 2013 со почеток во 17.00 часот во парохиската црква Свети Иван Крстител – Струмица ќе се моли Света Бројаница за сите дарователи и добротвори на Црквата.

Покрај тоа што Црквата секојдневно се моли за нејзините дарователи и добротвори оваа молитва е еден вид благодарност кон оние кои несебично помагаат за изградба на Црквата.

Славејќи го нашиот милосрден Бог за сето добро што го примаме во секојдневиот живот ќе молиме Господ Бог да ги прати во нивните животи, да ги благослови нивните семејства, да им дарува мир во нивните домови и да ги исполни сите нивни телесни, а уште повеќе духовни потреби.

Од парохијата препорачуваат оние кои не можат да дојдат на заедничката молитва во текот на денот да измолат света Бројаница по накана на дарователите и добротворите.

 Молитва за дарователите и добротворите

Господи Исусе Христе, Те молиме благослови ги дарователите и добротворите на Црквата и чувај ги нив и нивните семејства. Благослови ги сите оние кои имаат подготвено срце за дарување, но немаат можност. И нив ги награди со изобилството на Твојот благослов. Отвори ги срцата и на други луѓе да можат да даруваат. Господ нека ги услиши нивните молитви и потреби и нивната великодушност нека ја награди веќе во оваа време и во вечни векови. Амин.

 го*ко

Категорија: Македонија

За авторот