Откако папата Фрањо од 8 декември 2020 до 8 декември 2021 година ја прогласи за „Година на свети Јосиф“, објавувајќи го Апостолското писмо Patris corde, Светиот Отец ги повикува верниците да го молат овој голем светец, истакнувајќи дека најмногу треба да се моли за „милоста над милостите: нашето преобраќање.
Ова Апостолско писмо завршува со молитва до свети Јосиф, која ја објавуваме во оваа прилика.
Здраво, чувару на Откупителот,
Свршеник на Блажена Девица Марија.
Бог на тебе го довери својот единствен Син;
во тебе Марија ја чуваше својата доверба;
покрај тебе Христос стана човек.
Блажени Јосифе, подари ни го на нас твоето татковство
и нè води по патот на животот.
Измоли и за нас благодат, милост и храброст
и чувај нѐ од секакво зло. Амин.*
*Молитвата е неофицијален превод на Католици.мк
к.мк