Молитва до Богородица за да ги разврзе чворовите кои го мачат човештвото

Молитва до Богородица за да ги разврзе чворовите кои го мачат човештвото

Осаменост, невработеност, семејно и општествено насилство, но и човечки напредок достапен на сите и нов силен полет во пасторалот. Различни ситуации се доверени на Мајка Божја во молитватаБбројаница со која папата Фрањо во понеделник на 31 мај ќе го заврши богородичниот месец.

Во Ватиканските градини пред сликата на Пресвета Богородица која разврзува чворови која посебно ја почитува, Папата ќе моли Бројаница. Молитвата ќе биде посебно изразена во пет накани кои се однесуваат на исто толку чворови кои треба да се разврзат, а кои силно го притискаат целото човештво посебно во ова време на пандемија. Така во понеделник попладне ќе заврши богородичниот месец и молитвениот маратон кој е започнат во ватиканската базилика, во ова време го соедини светот преку Бројаницата која секој ден со точно одредена накана се молеше во 30 светилишта на пет континенти. Тоа беше молитва насочена најмногу за крај на пандемијата и продолжување на активностите.

Молитвата Бројаница ќе започне со свечена процесија која ќе ја предводи епископот од Аугсбург монс. Бертрам Јоханес Мајер. Тој ќе ја донесе иконата на Пресвета Богородица во Ватиканските градини кои за таа прилика ќе стане светилиште на отворено. Иконата на која се наоѓа тој посебен приказ на Мајка Божја во Аугсбург во Германија. Станува збор за масло на платно на германскиот сликар Јохан Георг Мелхиор Шмидтнер насликана околу 1700 година. Сликата ја претставува Пресвета Богородица која разврзува низ чворови на бела врвца која ја држат два ангела опкружена со библиски сцени кои симболично се однесуваат на надежта, милосрдието и победата над злото.

Една копија на оригиналната слика со која цела Баварија се запозна по повод поклонението на баварските бискупиите во Аугсбург одржано во 2015 година ќе стигне во Рим заедно со бискупот Мајер кој ќе ја подари на папата Фрањо, кој пак ќе ја намени според своите накани – е истакнато во соопштението на Папскиот совет за промовирање на нова евангелизација, организатор на молитвениот маратон. Изборот на таа слика сака да ја означи посебата молитва за застапништвото на Пресвета Богородица за да го „разврзе“ страдањето кое го услови светот во ова време на здравствена криза, но и економска, психолошка и криза на општествени односи. Папата Фрањо отсекогаш покажувал голема побожност кон тој приказ на Пресвета Богородица и го рашири нејзиното почитување посебно во Аргентина.

Првиот чвор кој треба да го разврза е оној на ранетите односи, осаменоста и рамнодушноста кои во оваа време станаа подлабоки. Вториот чвор е посветен на невработеноста со посебно внимание кон младите, жените, татковците во семејствата и оние кои настојуваат да ги заштитат своите вработени. Третиот чвор ја претставува драмата на насилството посебно она во семејството, во домовите меѓу домашните ѕидови, над жените или кое се покажува во социјаните тензии предизвикани од неизвесноста заради кризата.

Четвртиот чвор се однесува на човечкиот напредок кој научното истражување е повикано да го поддржува, ставајќи ги заедно откритијата за да бидат достапни на сите, а посебно на најслабите и сиромашните. Петтиот чвор кој треба да го разреши е пасторалот за локалните Цркви, парохиите, ораториите, пасторалните и евангелизациски центри можат повторно да пронајдат ентузијазам и нов замав во целиот пасторален живот, и за младите да можат да се венчаат и да го градат семејството и иднината.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот