Папата се збогува со Алжир и отпатува за Камерун

Папата се збогува со Алжир и отпатува за Камерун

По кратката посета на сиропиталиште што го води Црквата во Алжир, папата Лав XIV влезево папскиот авион на крајот од своето апостолско патување во Алжир и отпатува за Камерун, каде што продолжува втората етапа од посетата на четири африкански земји.

Папата Лав XIV полета од меѓународниот аеродром „Хуари Бумедиен“ во Алжир во средата наутро, околу 10:15 часот по локално време, со што ја заврши првата етапа од своето апостолско патување низ четири земји.

Папскиот авион треба слета на меѓународниот аеродром „Јаунде-Нсимален“ во Камерун околу 15:20 часот, каде што започнува втората етапа од единаесетдневното патување.

Пред да пристигне на аеродромот, Светиот Отец се збогува со Апостолската нунцијатура во Алжир и накратко ја посети градинката „Богородица Африканска“, што ја водат Мисионерките на милосрдието.

Децата приредија кратка претстава за Папата, кој потоа ги поздрави нив и сестрите.

Во понеделникот, по пристигнувањето во Алжир и свечениот пречек, папата Лав XIV оствари средба со претседателот на Републиката. Потоа го посети Споменикот на мачениците „Макам еш-Шахид“, се сретна со претставниците на властите, со граѓанското општество и со дипломатскиот кор, а ја посети и Големата џамија во Алжир.

Тој оствари и приватна посета на Центарот за добредојде и пријателство на сестрите Августинки Мисионерки во Баб ел Уед, како и средба со алжирската заедница во базиликата „Богородица Африканска“.

Во вторникот, на вториот ден од посетата на Алжир, Папата отпатува во Анаба, на местото на древниот град Хипон, каде што Свети Августин служел како епископ.

По посетата на археолошкото наоѓалиште, Папата помина неколку моменти со повозрасните жители на Домот за стари лица „Ма Мезон“, што го водат Малите сестри на сиромашните. Попладнето, папата Лав XIV служеше света Литургија во базиликата „Свети Августин“.

Во средата наутро, на аеродромот, непосредно пред заминувањето на Папата, се одржа кратка церемонија на збогување, во присуство на алжирскиот претседател Абделмаџид Тебун и делегација од граѓански и црковни претставници.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот