Молитвата на сестра Еврозија Алоати

Молитвата на сестра Еврозија Алоати

Зашто молитвата е издигање на умот и срцето кон Бога и не постои молитва, ако таа не се прави со умот и срцето.

Еве како сведочи една од првите сестри: Кога се молеше, нашата добра Мајка настојничка не беше на земјата, туку беше сета во небото. Толку беше задлабочена и прибрана во Бога, што беше доволно само да ја погледнам за да почувствувам желба и јас да се молам. Кога се налагаше нешто да зборувам со неа, се случуваше напразно да ја барам по сите агли на куќата и ја наоѓав, се разбира, во параклисот. Тука таа беше толку занесена во молитвата, што не го чувствуваше ниту моето присуство, ни мојата желба да зборувам со неа. Требаше толку пати да ѝ го повторувам тоа што требаше да ѝ го кажам, а таа спокојно се обрнуваше и ме прашуваше зошто ја барам. Оваа нејзина прибраност не беше само во параклисот. Во текот на целиот ден, насекаде низ куќата каде што должноста ја викаше, постојано се молеше. Често ја гледав како погледот го упатува кон некоја икона која висеше на ѕидот и се моли. Понекогаш ја слушав како кажува со висок глас некој текст од Светото Писмо, или некоја набожна воздишка, како: О, колку е голем Бог во Своите дела!

(текстот е извадок од книгата Животот на Еврозија Алоати сестра Марија Христина Исусова од Отец Јосиф Алоати свештеник од мисијата на отците Лазаристи)

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот