Верувањето кој Хорхе Марио Берголио го напишал ноќта пред неговото ракополаѓање во 1969 година и кое ја отсликува неговата духовност.
Последната глава од книгата „Папата Фрањо“ е насловена „Живот прободен со погледот на Божјата љубов“ и ја раскажува неговата лична исповед на верата напишана „во момент на силен духовен живот“, кратко време пред да биде ракоположен за свештеник. Во продолжение пренесуваме дел од спомнатата книга. Станува збор за „Верување“ кое Хорхе Марио Берголио го напишал ноќта пред неговото ракополагање во 1969 година и кое ја отсликува неговата духовност:
„Сакам да верувам во Бог Отецот, кој ме љуби како син, во Исус, нашиот Господ, кој го излеа својот Дух на мојот живот, за да ме развесели и така да ме воведе во вечното царството на животот.
Верувам во својот животен пат кој го прободе погледот на Божјата љубов, и во тој ден 21 септември, ме доведе на средба за да ме повика да Го следам.
Верувам во својата болка, неплодна заради себичноста во која сум заглавен.
Верувам во бедата на мојата душа која е незаситена и не е наклонета на давање… на давање.
Верувам дека другите се добри и треба да ги љубам без да се плашам, никогаш да не ги предадам за да си најдам сигурност за себе.
Верувам во монашкиот живот.
Верувам и сакам силно да љубам.
Верувам во секојдневното умирање кое пече, кое го избегнувам, но кое ми се насмевнува и кое ме повикува да го прифатам.
Верувам во Божјата трпеливост, пријатна, убава како летна ноќ.
Верувам дека татко ми е во небото со Господ.
Верувам дека и татко Дуарте е таму и дека се моли за моето свештенство.
Верувам во Марија, мојата Мајка, дека ме сака и дека никогаш нема да ме остави сам. И го чекам изненадувањето што го донесува секој ден, во кое ќе се открие љубовта, силата, предавството и гревот, кои ќе ме следат сѐ до последната средба со тоа прекрасно лице за кое не знам какво е, кое постојано го избегнувам, но кое сакам да го запознаам и да го љубам. Амин.“
(Отец Дуарте спомнат во ова молитва е свештеник, кој еднаш го исповедал седумнаесетгодишниот Хорхе Марио, денес папата Фрањо)
Битно.нет/к.мк/о. Ѓ. Појразов