Римската црква Свети Калист стана ново засолниште за голем број бездомници!
Благодарение на Папската милостилница и заедницата Свети Егидиј на која е доверена ова позната римска црква сместена во Трастевере, триесетина бездомници од различни националности ќе имаат соодветно сместување и целата потребна грижа сѐ додека траат вонредните зимски услови, пренесува Ватикан Инсајдер.
Во црквата и помошните црковни простории обезбедено е греење и кревети, ќебиња како и тоалети.
„Црквата и помошните згради имаат екстериторијален статус и припаѓаат на Светиот Престол. Самата црква е древно место на богослужба подигната на местото на мачеништвото на папата Калист I во 222 година. Постоечките згради датираат од седумнаесети век и припаѓаат на парохијата Света Марија во Трастевере, а се доверени на грижа на заедницата Свети Егидиј која се грижи околу богослужбите и катехезите посебно за старите луѓе и лицата со посебни потреби“, стои во соопштението од Папската милостилиница.
На бездомниците секој ден им е обезбеден појадок во блиската трпезарија по што некое време можат да поминат во црквата Свети Калист. Грижа за бездомниците водат голем број волонтери кои на секој бездомник настојуваат да му пронајдат ново, подобро и трајно сместување.
Потсетуваме заради екстремните зимските услови градоначалничката на Рим Вирџинија Раџи организираше посебна акција за помош на бездомниците кои живеат на римските улици. Во прифатилиштата се проширени сместувачките капацитети, а отворени се и станиците на метроата. Свој придонес даде и папата Фрањо кој на Богојавление на бездомниците им подели вреќи за спиење и им обезбеди возило во кое би преноќиле.
Битно.нет/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк