Млади од Скопје гостуваа во емисија на Хрватското католичко радио

Во понеделник 5 мај 2014 година, скопскиот парох дон Давор Топиќ со млади од парохијата Ена Абјаниќ и Јосип Туниќ од Скопје, по телефонски пат гостуваа на Хрватското католичко радио (ХКР) во емисијата „Да бидеме млади“, а по повод учеството на Средбата на Хрватската католичка младина (СХКМ) во Дубровник.

На повик на авторот на емисијата, новинарот Анте Новак младите од Македонија го пренесоа својот впечаток од учеството на СХКМ во Дубровник, која се одржа на 26 и 27 април 2014, истакнувајќи дека прв пат учествуваат на СХКМ и дека учество земаа 14 млади. Тие ја потенцираа радоста поради заедништвото кое го исусиле, како и живеењето на евангелските вредности и сведочење на верата кај младите. Исто така кажаа дека во срце ја носат оваа средба, зошто се учесници на нешто убаво и дека многу често не можат да доживеат така големи средби, бидејќи живеат во дијаспора и во оваа пригода уште еднаш се заблагодарија на семејствата во катедралната парохија, каде што беа сместени, како и на сите дубровчани.

Дон Давор рече дека за оваа средба можеме да кажеме: „Го видовме Господ, го доживеавме“, и истакна дека младите на враќање во автобусот ги даваа своите искуства, а посебен впечаток им оставиле зборовите од проповедта на бискупот Мате Узуниќ, кој ја навестуваше Божјата љубов, која е за секој човек, посебно за младите е многу важно што Бог нѐ љуби токму такви како што сме. Токму од тоа искуство и уверување можеме да растеме во светоста. Исто така истакна дека пријатно се изненадени од самиот гест на бискупот Узуниќ, кој самиот се појави пред младите улицата кон Груж, на сите посакувајќи им добредојде, поздравувајќи се со сите млади, како вистински пастир и домаќин.

На крајот дон Давор заблагодари на новинарот Анте и ХКР што ги помина државните граници и даде простор за дијаспората, поздравувајќи ги слушателите од Скопје, градот каде е родена Мајка Тереза.

(К.мк)

Категорија: Македонија

За авторот