Младите од Струмица напишаа писмо до Исус

За време на средбата за млади во парохијата Свети Иван Крстител – Струмица, во сабота 15 ноември 2014 година се разговараше за пријателството врз основа на библиски текстовиод Стариот и Новиот Завет.

При тоа од диксусијата произлезе заклучокот дека сепак има Некој кој безусловно сака да биде пријател со нас. Да! Токму со тебе, токму таков какво што си. Без разлика на твоето минато, твоите направени дела или твојата промашеност, без разлика на твојата моментална состојба. Некој те повикува на вечно пријтелство со Него! И тој некој е Оној кој го познава твоето срце, целото твое битие… Да се прифати неговата рака на пријателство значи да се започне авантура со нов живот…

При крајот од средбата младите имаа можност да напишат по едно писмо до Исус, нивниот вистински и вечен пријател, кој не разочарува, не лаже, не изневерува….

Напишаните писма ќе бидат ставени пред олтарот на Молитвата за млади која е предвидена во сабота 22 ноември со почеток во 17.00 часот.

Пренесуваме дел од едно писмо, напишано на таа средба.

Здраво Исусе,

Многу време ти немам напишано, би сакал да ти се извинам што не одвоив порано две минути за да ти напишам некој ред. Сакам да ти се заблагодарам што ми помогна пред два дена кога денот можеше, а и требаше да ми биде лош, но сепак ти направи чудо и ми помогна. Навистина сум ти благодарен за тоа.

Би сакал да те замолам и утрешниот ден да ми помине така добро и да ми помогнеш. Знам дека не сум фер што ти пишувам само кога имам корист, но знам и дека ти ме сакаш, ги прифаќаш моите недостатоци. Ќе се потрудам, не ветувам, дека ќе ти пишувам почесто и ќе настојувам да бидеме блиски, како што бевме и порано….

к.мк/го*ко

Категорија: Македонија

За авторот