Младите од парохијата Свети Иван Крстител – Струмица поклонуваа срциња со христијанска порака (Видео)

На празникот свети Трифун и свети Валентин, сабота 14 февруари младите од парохијата Свети Иван Крстител организираа акција насловена: „Заљуби се во Исус“. 2847_1По тој повод тие во центарот на градот на минувачите им поклонуваа црвени срциња, на кои беа напишани пораки: Заљуби се во Исус! Исус не изневерува! Исус те сака! Исус те чека!.. покажувајќи го поимот љубов од поинакво гледиште, имено христијанско. Видливо беше пријатното изненадување на луѓето кога ја читаа пораката.

За реализација на оваа акција младите претходно во парохиските простории се подготвуваа за настанот на креативни работилници.

к.мк/го*ко

Категорија: Македонија

За авторот