Прославен празникот „Рождество Христово“ во Штип

Прославен празникот „Рождество Христово“ во Штип

На 24 декември, во парохиската Црква „Свето Благовештение“ во Штип, со Божиќната полноќна Миса, верниците од Штип го прославија „Раѓањето на Исус Христос – Божиќ“.

Светата Миса ја предводеше парох о. Тони Ангелов во сослужение на о. Спасо Ристов, парох од Нова Маала, на која присуствуваа голем број верници од парохијата како и верници – гости од парохијата „Успение на Пресвета Богородица“ од Нова Маала, кои се приклучија на радоста на овој голем настан.

Отев Спасо Ристов, во својата пригодна проповед се осврна пред сѐ на ликот на свети Јосиф, личност која играше голема улога за доаѓањето на Божјиот Син. Тој во тишина и понизност го медитираше секој чекор на Божјиот план, со што би бил пример за секој од нас и во денешно време како да го дочекаме Христовото Раѓање во нашите срца.

Парохијата „Свето Благовештение“ од Штип на сите верници им честита среќни и благословени божиќни и новогодишни празници! – Христос се Роди!

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот