Младите од парохијата Свети Иван Крстител со запалени свеќи испишаа Година на семејство

Во рамките на Пасторалниот план за Година на семејство, во сабота 13 декември 2014 година во парохиската црква Свети Иван Крстител – Струмица се одржа катехеза за Светата Тајна Венчание. Во катехезата беа опфатени повеќе аспкети на Светата Тајна и тоа од: Светото Писмо, Катехизимот на Католичката црква, Обредот на венчание, а стана збор и за Женидбеното право. По завршувањето на катехезата следуваа прашања од верниците и дискусија, а средбата заврши со молитва.

Потоа младите од парохијата приредија изненадување во дворот на Црквата, испишувајќи со запалени свеќи Година на семејството како знак на благодарност што Пасторалната година за семејства ќе продолжи и во 2015 година.

Пред почетокот на катехезата децата од веронаучната група молеа Света Бројница за здравје на едно нивно другарче, кое во моментот е на лекување во Клиничката болница во Скопје.

к.мк/го*ко

Категорија: Македонија

За авторот