Младите денес се посвесни верници од своите родители

Вистина е дека „младите луѓе помалку доаѓаат во парохиските цркви, отколку нивните дедовци и баби, меѓутоа сепак не е мал бројот на оние кои бараат нови облици на заедништво – како што се поклонички патувања, големи средби на верници или молитвени групи“.

Францускиот социолог Изабел Жонву и покрај опаѓањето на бројот на верници во Европа, истакна позитивни погледи во развојот на Католичката Црква. „Кој се фокусира на негативното, ја пропушта можноста да го види новото што расте“, рече социологот во текот на расправата на тема „Вредноста на верата“, одржана во Кремсминстер во Горна Австрија.

Вистина е дека „младите луѓе помалку доаѓаат во парохиските цркви, отколку нивните дедовци и баби, меѓутоа сепак не е мал бројот на оние кои бараат нови облици на заедништво – како што се поклонички патувања, големи средби на верници или молитвени групи“. Во Франција денес е „мода“ младите католици да поминат една година социјална работа во сиромашните земји.

Карактеристика на многу денешни млади е свесната одлука да веруваат. „Помладите генерации се одлучуваат денес многу посвесно за вернички живот од своите родители, чија вера често била сосема конвенционална“, истакна социологот.

Младите верници не се срамат ниту јавно да се заземаат за своите уверувања, на пример со носење облека со верски натписи или со истакнување на статии и слики на Фејсбук профилот.

Жонву ја истакна улогата на монашките заедници чии членови, често поаѓајќи од средба со младите туристи или во текот на културни случувања, полека дури и со оние кои се далеку од Црквата развиваат се подлабоки контакти. Социологот исто така ја истакна и важната улога на интернетот, чии корисници се посебно младите, а преку кој до нив може лесно да се дојде на патот на нивното барање на верата.

Лаудато/С.С.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Свет

За авторот