Мисли на Црковните отци за бракот и воспитувањето на децата

За сите сегашни и идни сопружници и родители!

1.Вистинско богатство и голема среќа е кога мажот и жената живеат во слога, соединети еден со друг како едно тело… Таквите сопружници, дури и да живеат во сиромаштија и да се доста скромни, можат да бидат посреќни од сите останати, затоа што се насладуваат со вистинската среќа и секогаш живеат мирно. Тие кои живеат во таква брачна заедница ништо не може премногу да ги растажи, ниту да им ја наруши тивката среќа (Свети Иван Златоуст).

2.Бракот и оној кој е слаб го прави двојно посилен. Заедничките грижи на сопружниците им ја олеснуваат тагата, заедничката радост ги воодушевува и двајцата. На еднодушните сопружници и богатството им е поудобно, а во сиромаштијата еднодушноста им е поудобна од богатството. Брачните окови им служат како извор за совршена мудрост и желба, како печат за нивната голема потребна приврзаност (Свети Гргур Назијански).

3.Блажен е оној кој ги воспитува децата како што на Бога му е мило (Свети Ефрем Сириски).

4.Немање грижа за децата е најголем од сите гревови и овој води до безбожнштво. Доброто воспитување не се состои со дозволување пороците да се развијат, со цел потоа обидувајќи се да се отстранат. Неопходно е да се направи сѐ со цел нашата природа да биде недостапна за пороците. Нема да се грижиме за богатството кое би им го оставиле на децата; ќе ги подучуваме на доблестите и за нив ќе бараме Божји благослов, бидејќи токму тоа е најголемото, неискажливо богатство кое секојдневно донесува сѐ повеќе дарови. (Свети Иван Златоуст).

5.Додека душата сѐ уште може да се обликува, додека е толку мека и нежна, како восок, лесно да го прифаќа сето она што ќе се втисне во неа, потребно е веднаш и од самиот почеток да се поттикнува на добро. Кога ќе се појави разумот, а и разбирањето ќе почне да делува, веќе треба да бидат поставени основите темели и да се применуваат примери на побожноста. Тогаш разумот ќе го диктира само тоа што е корисно, а навиката ќе го олесни успехот (Свети Василиј Велики).

6.Раѓањето никого нема да го направи татко; тоа единствено може да го направи само добрата поука; носењето во утробата не ја прави мајка, туку доброто воспитување. Доколку децата кои си ги родил ја добијат од тебе потребната поука и со твојот труд ќе бидаат воспитани во доблестите, тогаш тоа ќе биде темел и почеток на твоето спасение. На тој начин, освен наградата за сопствените добри дела, ќе добиеш и голема награда за нивното воспитување и поука (Свети Иван Златоуст).

7.Ако добрите поуки се втиснат во душата додека е сѐ уште нежна, никој нема да може да ги избрише кога ке станат како тврди отпечатоци, исто како восокот (Свети Иван Златоуст).

Битно.нет/З.А.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

За авторот