Со срце и крст направени од свеќи и молитва за мисионерите, во католичката парохија Свети Кирил и Методиј во Петралинци беше одбележана мисиската недела.
Откако младите направија срце и крстот од свеќи во црквата, знак на љубов кон мисионерите, и крстот кој ги води мисионерите, молитвеното заедништво започна со Света Бројаница.
По завршувањето на светата Бројаница парохот о. Ѓорѓи Појразов одржа наговор, кој се задржа на Исусовите зборови:„Одете Јас сум со вас.“ (Матеј 8,20) и потенцираше дека овие Христови зборови се силни и имаат во себе охрабрувачка моќ во предавањето и сведочењето најпрво со сопствениот живот.
Средбата заврши со драма-интервју, во која беше прикажан разговор со волонтер кој бил мисионер во Танзанија.
к.мк