Меѓународна средба во Ватикан: „Црквата и Ромите“

„Црквата и Ромите: Да се навестува Евангелието по периферијата“. Тоа е темата на Светската средба на епископите одговорни за Ромите и националните кординатори за пасторална работа со Ромите, која ќе се одржува во Ватикан на 5 и 6 јуни. Средбата е организирана од Папскиот совет за пасторална работа со иселениците. Учесниците доаѓаат од дваесет и шест земји од Америка, Азија и Европа. На средбата учествуваат 10 епископи, 16 национални координатори и 22 експерти.

Во соопштението на Ватикан се истакнува дека средбата има две цел: „да се преиспитаат напорите за пасторална работа а Црквата во корист на ромското население, водејќи сметка за неговата актуелна положба, се бара од Црквата да ги обнови пасторалните стратегии“ и „да се подготви прославата на 50 години од посетата на папата Павле VI на меѓународниот ромски камп во градот Помеција во 1965 година, историски настан што го обележа отворањето на Црквата кон ромското население.

Средбата ќе биде и повод да се разгледаат насоките на папата Фрањо за навестувањето на Евангелието во денешниот свет, врз основа на неговото апостолското охрабрување „Радоста на Евангелието“. На 5 јуни, по евхаристиската прослава, работата на форумот ќе ја отвори претседателот на Папскиот совет за иселеници, кардиналот Антонио Марија Велија. Подоцна, истиот ден учесниците на состанокот ќе бидат примени од папата Фрањо.

Вкупно има околу 36 милиони милиони роми, расфрлани низ Европа, Америка и некои земји на Азија. Се смета дека 18 милиони живеат во Индија, родната земја на ова население. Во САД има речиси 1 милион Роми, додека во Бразил нивната бројка достигнува над 900 илјади. Што се однесува до европскиот континент, според официјалните податоци на Советот на Европа, Ромите се меѓу 10 и 12 милиони, со поголема концентрација во Источна Европа.

РВ/В.Н.

Категорија: Ватикан

За авторот