Одделот за мигранти и бегалци при Дикастеријата за промовирање на интегрален човеков развој организира Меѓународна конфереција за трговија со луѓе која се одржува од 8 до 11 април 2019 година во Сакрофано на периферијата на Рим.
Со приватна аудиенција кај Папата, во четврток на 11 април ќе завршат работите на меѓународната конференција за трговија со луѓе – појава која е во пораст, која за Црквата е меѓу темите со најголем интерес – а за која во Сакрофано на римската периферија ја организира Одделот за мигранти и бегалци при Дикастеријата за промовирање на интегрален човеков развој.
Конференцијата е можност за конкретна расправа за инцицијативите со цел примена на Пасторалните насоки за трговијата со луѓе кои ги состави спомнатиот оддел, а ги одобри Светиот Отец и кои на 17 јануари оваа година беа презентирани пред новинарите – е истакнато во соопштението на дикастеријата. Целта на средбата е да промовира пошироко и темелно разбирање на појавата трговија со луѓето и да придонесе за делување во нејзиното сузбивање – стои во соопштението.
На средбата учествуваат околу 200 лица: епископи, свештеници, монаси и монахињи, координатори на проекти и пасторални работници, претставници на католички организации и фондации и стручњаци од разни краишта на земјата. Првиот ден на 9 април се зборува за сексуалното искористување, и сведување на роба на личностите кои се жртви на трговијата и нивно вклучување во ропска работа.
Вториот ден на 10 април во прв план се другите облици на трговијата, како што е принуден брак, просење и трговија со човечки органи, а потоа и постапки за идентификација и превенција од таа трговија. Последните теми за кои ќе се зборува ќе биде заштитата на преживеаните и партнерството во одговор на тој проблем и стратегија во пасторалната комуникација и соработка со разните католички тела, невладини организации, владини агенции и меѓународни организации. Конференцијата ќе заврши на 11 април со аудиенција кај Светиот Отец.
Ватикан њузк.мк