Месечната молитвена накана на епископот Стојанов за месец мај 2023 година е посветена на мајките, а гласи:
Господ благоволи човекот да доаѓа на свет преку своите родители.
Во тоа посебна улога има мајката.
Затоа Господи нека му даде на нашиот народ одговорни, побожни и свети мајки,
свесни за нивната мајчинска улога во Црквата и општеството.
Дај им верна поддршка од нивните сопрузи,
семејството и пријателите додека се грижат за телесниот и духовниот раст на нивните деца.
Запази ги во нивната светост и не дозволувај да бидат заведени од идеолошките колонизации.
к.мк