Медиумите од цел свет говорат за Мајка Тереза

Светиот Отец во недела на 4 септември за света ќе ја прогласи блажена Мајка Тереза од Калкута, а овој настана сметаат многумина ќе биде кулминација на Јубилејот на милосрдието.

Во недела се очекува мноштво верници на светата Литургија на плоштадот Свети Петар која ќе ја предводи папата Фрањо. Додека медиумите се фокусирани на Рим заради големиот настан во недела, целиот свет овие денови го слави ликот на Мајка Тереза добитничка на Нобелова награда за мир во 1979 година.

Насмеана меѓу сиромашните во Калкута или како во Обединетите нации разговара со земските моќници или пак покрај папата Иван Павле II се само некои слики од извонредниот живот на Мајка Тереза која од црквата до каритативните структури, од печатот до социјалните мрежи се објавуваат додека се приближува денот за прогласување за света. „Мал молив во Божјите раце“ така сакала да се нарекува Мајка Тереза.

Донекаде зачудува одлуката на нејзините Мисионерки на љубовта кои во најголема едноставност ќе го слават настанот. Во Калкута која со посебени емоции ги живее деновите на исчекување чесните сестри на Мајка Тереза на 4 септември „само“ ќе принесат света Литургија за својата основателка по завршувањето на телевизискиот пренос на Литургијата предводена од Папата. Радост и благодарност за прогласувањето за света се чувствуваат насекаде каде што се присутни Мисионерките на љубовта, и каде што престојувала и Мајка Тереза кога доаѓала во Рим или во Виетнам кој го посетила дури пет пати.

Мајка на сиромашните, промоторка на достоинството на човекот од зачнувањето до природната смрт, но и светски водач способен да ги собере конфликтните страни и да ги реши споровите навидум нерешливи. Нејзиното неуморно заземање за мир во 1979 година и ја донесува Нобеловата награда за мир, а во Обединетите нации овие денови со поставувањето на спомен – плоча потсетува на Постојаната мисија на Светиот Престол во Стаклената палата во Њујорк. Токму тука во 1985 година претставувајќи ја Мајка Тереза во Собранието на Обединетите нации тогашниот главен секретар на ООН Перес де Куелар рекол: „Вие сте многу поважни од мене и од сите нас. Вие сте Обединетите народи! Вие сте мирот во светот!“

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот